Успешен 2. ден на 13. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

Предавањето се одвиваше онлајн на платформата Zoom.

Воведната сесија и модерирањето на второто предавање ги водеше Гордица Каранфиловска, поранешен проект-координатор на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, 2010-2015 година.

Во воведната сесија учесниците се знапознаа со правилата на Школата и споделија нешто повеќе за себе, со цел меѓусебно да се запознаат.

Во вториот дел, учесниците го следеа предавањето на Ацо Момчиловиќ, ко-основач на Global Al Ethics Institute во Хрватска. Неговото обраќање беше за новите теории на лидерство, односно, дали моралот и етиката се дел од глобалните лидерски способности. Момчиловиќ особено внимание посвети на моменталните трендови, посочувајќи конкретни примери од секојдневието, со што на присутните им овозможи да создадат реална слика за моменталните состојби на глобално ниво. Исто така, детално ги објасни и петте основни столбови на моралното лидерство. Така, учесниците се здобија со одлична основа и за понатамошните предавања кои ќе се одржат во склоп на овогодинешната Школа, а потврда за истата беше особено големата активност во делот кој беше предвиден за прашања.