Поздравно писмо од Папата Франциск до Школата за млади лидери на Претседателот Иванов

Папата Франциск упати писмо до Претседателот Иванов во кое ги поздрави учесниците на 13-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов.

Во писмото Неговата Светост се осврна на важноста од создавањето на идни лидери чии карактеристики ќе бидат разумноста, праведноста, моралната цврстина и умереноста.

Папата Франциск ја искажа својата искрена надеж дека присутните млади луѓе ќе можат да понудат морално лидерство за градење иднина заснована на соработка која ќе ги надмине поделбите во човештвото, и упати благослови за мудрост и мир за сите кои учествуваат во Школата.